Првата станица на Space Burger е САД, а потоа патувањето продолжува насекаде низ светот каде што има љубопитни и креативни бургерџии!
Ширејќи ја нашата галаксија на вкусови, ги покануваме сите страстни претпиемачи и визионери да ни се придружат нудејќи им франшиза со која можат да се приклучат на нашето бескрајно патување во вселената. Доколку познавате некој таков, тука сме да му понудиме уникатно бургерџиско искуство.
Space Burger е како ниеден друг ресторан. Нашето тематско патување нуди уникатен визуелен идентитет преку нашиот брендинг, менито и ентериерот. Тоа нè истакнува на пазарот, нè прави различни и несекојдневни, давајќи ни предност пред конкуренцијата.
Нашето мени има квалитет и карактер! Секој бургер има уникатна тема и боја, заедно со нашите препознатливи сосови. Различните сосови за секој бургер, во комбинација со многу додатоци, се причина за нашите гости да нарачуваат повторно и нашите бургери редовно да бидат дел од нивното дневно мени. Нашето мени содржи различни варијанти на вкусови составени од 100% квалитетно говедско и крцкаво пилешко месо, па се до изборот на уникатните веганските вкусови и различните опции за појадок.
Бургерите на Space Burger се совршени за споделување со пријателите преку Instagram и Snapchat. Не само што имаат одличен вкус, нашите бургери и изгледаат одлично, што ги прави атрактивни за фотографирање за социјалните медиуми, а со тоа нашите фанови стануваат се побројни. Исклучителниот и неспоредлив квалитет ги поттикнува гостите искрено да нè препорачуваат, со што дополнително се зголемува нашата видливост.
+389 71 386 334
+389 70 386 798
contact@space-burger.com